Напаѓачот во ноќниот клуб во Истанбул е Узбекистанец

Турската полиција успеала да го утврди идентитетот на напаѓачот на ноќниот клуб „Reina” во новогодишната вечер, кога биле убиени 39 лица.

Медиумите наведуваат дека се верува дека станува збор за Узбекистанецот Абдулгади Машарипов, познат и како Абу Мухамед Хорасан.

Турција ја интензивира потрагата по осомничениот кој е сè уште во бегство.

Медиумите наведуваат дека со истрагата било утврдено дека напаѓачот при пукањето во клубот променил шест шаржери и испукал повеќе од 180 куршуми.

Турските власти минатата седмица соопштиле дека бил утврден идентитетот на напаѓачот, но не го навеле неговото име.

Претходно медиумите објавиле фотографија од Иахе Машпаров, роден на 2. август 1988. година во Киргистан за кого верувале дека е напаѓачот.