Напаѓал запалил двајца бездомници во Берлин

Двајца бездомници претрпеле потешки изгореници кога непознато лице ги запалило откако ги полеал со запалива течност на железничката станица во предградието на Берлин, соопшти германската полиција.

Во соопштението се наведува дека нападот се случил во текот на ноќта, а потпалувачот ги запалил и работите на бездомниците.

Весниците „Билд“ и “БЗ” велат дека минувачи го изгаснале огнот со апарати за гаснење од блиската тезга за продажба на брза храна, а новинската агенција ДПА објави дека полицијата сè уште не ја потврдила информацијата.

Повредените лица биле однесени во болница, објави АП.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.