Напијте се водка во „Путин“ во Нови Сад

„Водка Путинка“, правилна руска водка, водка „Елцин“,каде, сок, можете да се напиете во кафулето „Путин“ во Нови Сад. Неговиот сопственик вели дека е русофил и затоа решил по својот идол да го крсти кафулето.

„Путин е народно и боемско место. Од моите гости очекувам да бидат писател, актери, поети…Во ова кафуле за да се привлечат младите имаме и музика, која е претежно руска“, вели сопственикот Радивоје Бато Милијаниќ.

Putin-Novi-Sad-2

Кафулето „Путин“ веќе со своето име привлекува големо внимание меѓу жителите на Нови Сад, а дали и вистинскиот Путин ќе слушне дека постои кафуле со неговото име останува на времето да покаже.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.