Напиток за мирен сон: Кажете му збогум на рчењето

Состојки:

¼ лимон, парче ѓумбир, 2 јаболки и 2 моркови;

Подготовка:

Сите состојки ставете ги во блендер, малку измиксирајте и вашиот природен сок против р’чење е подготвен!

Сокот треба да го испиете неколку часа пред спиење. Освен тоа мора да имате на ум дека покрај конзумирањето на сокови и сирупи од овој вид, исто така морате да избегнувате одредена храна, затоа што таа само ќе ја влоши состојбата.

Треба да избегнувате да конзумирате преработена храна, премногу алкохол, премногу пржена храна, храна што тешко се вари и премногу чоколада.

Значи, со отстранувањето на оваа храна или барем со нејзиното сведување на минимум, и со конзумирање на свеже подготвени сокови од природни сосотојки ќе успеете да го ублажите р’чењето, така што помалку ќе ги оптоварувате дишните патишта.