Напивка за слабеење по рецептот на Адријана Лима

Покрај тоа што напорно вежба бокс и крос фит, таа шета и сака да вози велосипед. Иако сето ова звучи сосема во ред во однос на нејзината професија, Адријана сега одлучи да сподели една тајна што според неа е заслужна за нејзинио т изглед – рецепт за смути.

Состојки:

  • Една чаша студена вода
  • Едно исчистено авокадо
  • Малку мед по вкус

Подготовка:

Во блендер ставете чаша вода и авокадо. Добро изблендирајте додека смесата не нарасне и не стане кремаста. Потоа додадете мед по вкус и повторно добро промешајте.

Звучи мошне вкусно, а оваа комбинација воопшто не е популарна. Ова е совршен појадок, полн со хранливи состојки, што ќе го раздвижат целиот организам, а особено метаболизмот. Не заборавајте да се движите колку можете повеќе и да вежбате минимум два часа дневно за најдобри резултати.