Македонија

Напладне осомничените пратеници ќе се појават пред судот по барањето за притвор

Напладне осомничените пратеници ќе се појават пред судот по барањето за притвор

Скопскиот кривичен суд, во вторникот напладне ќе ги сослуша шестемина пратеници на коишто им беше симнат пратеничкиот имунитетж.

Судиите ќе решаваат дали ќе останат на барањето за мерка притвор за пратениците, како што тоа го бара Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Пред судија на претходна постапка, во вторник во 12 часот треба да се појават пратениците: Крсто Мукоски, Јохан Тарчуловски, Љубен Арнаудов, Жаклина Пешевска, Сашо Василевски и Љупчо Димовски поради сомнеж дека учествувале во настаните од 27-ми април годинава.

Комисијата за мандатно-имунитетски прашања донесе заклучок дека на споменатите пратеници треба да им биде одземен пратеничкиот имунитет, а на седница на Собранието, којашто се одржа минатиот четврток, беше изгласано одземање на пратеничките имунитети, по што претседателот на Собранието, Талат Џафери, до судот испрати допис со кој ја потврди веќе донесената одука.

Неколку од пратениците веќе беа изведени пред судија на претходна постапка, дел од нив се повикале на пратеничкиот имунитет.