Напнато и во Виена, Албанците нападнале српски кафулиња специјалците спречиле пресметка

По прекинот на фудбалскиот натпревар во Белград меѓу репрезентациите на Србија и Албанија синоќа во Виена дошло до инциденти меѓу навивачите на двете селекции, а австриската полиција спречи поголеми судири.

Групата Албанци се собрале во 16 виенски регион каде што се наоѓаат повеќе угостителски објекти чиишто сопственици и гости се Срби. Настанал инцидент во кој Албанците гаѓале со шишиња и пиротехнички средства.Полицијата успеала да ја разбие и да ја растера групата од тоа место, но притоа дошло до собирање на околу 200 Срби, кои се обиделе да се судрат со Албанците.

Големото присуство на полицијата која ги затворила сите приоди до централните улици во тој кварт, го спречи судирот меѓу Албанците и Србите, кои оштетија бројни возила меѓу кои и полициски.Во акцијата, полицијата на помош ги повикала и специјалните единици.