Свет

Напнато на Крим: Почнаа подготовките за присоединување кон Русија

Напнато на Крим: Почнаа подготовките за присоединување кон Русија

Подготовките за присоединување на Крим, црноморскиот полуостров во јужниот дел на Украина, кон Русија веќе започнаа, рече кримскиот премиер Сергеј Аксионов.

Властите на градот Севастопол, каде повеќе од 70 отсто од населението се Руси, го прогласија рускиот јазик како официјален.

Аксионов најави дека на жителите на полуостровот ќе им се даде можност да изберат руски или украински пасош.

Силите на Министерството за одбрана на Украина, разместени на Крим, не функционираат и не ги извршуваат наредбите на Киев.

„Практично сите делови на Министерството за одбрана на Украина кои што се наоѓаат на Крим се под наша контрола, се прават заеднички контроли на складиштата со оружје, а војниците се  деморализирани. Тие не ги спроведуваат наредбите на Киев и не се подготвени за извршување на воените должности“, рекол вицепремиерот на автономната покраина, Рустам Темиргалиев.