Наполи доби судиски подарок, Рома победи за Стротман

Со сомнителен погодок постигнат во 89 минута, фудбалерите на Наполи забележаа минимална победа на незгодното гостување во Торино и на тој начин ја продолжија борбата за втората позиција во италијанската Серија А, која гарантира директен пласман во групната фаза од Лигата на шампиони.

Погодокот вреден три бода беше дело на аргентинскиот интернационалец Гонзало Игуаин кој пред да го постигне победничкиот погодок направи чист прекршок врз дефанзивецот на Торино, Глик, но истиот не беше санкциониран од главниот арбитар.

Минимална победа од 3:2, над секогаш незгодниот тим на Удинезе, забележа моментално второпласираниот тим на табелата, Рома.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.