Спорт

Серија А Наполи го доби дербито со Лацио и го сочува првото место

Наполи го доби дербито со Лацио и го сочува првото место

Фудбалерите на Наполи по 24 часа се вратија на челната позиција во италијанското првенство, откако во саботата вечерта со 4:1 (1:1) на домашен терен со совладаа римски Лацио во дербито на 24-то коло од Серија А.

Гостите од Рим поведоа уште во 3 минута преку Де Ври и предноста ја одржуваа до самиот крај на првото полувреме, кога во 43 минута го заборавија Калљехон кој израмни на 1:1. Во вториот дел мечот беше решен за само две минута, откако прво во 54 минута Валас ја погоди сопствената мрежа со трапава реакција, а потоа во 56 минута топката по шутот на Марио Руи кон противничкиот гол го погоди Зјелински го смени правецот и го измами гостинскиот голман Конечниот резултат го постави Меренс во 73 минута.

Наполи сега има 63 бодови, еден повеќе од вториот Јувентус кој во петокот како гостин ја совлада Фиорентина со 2:0, додека третиот Лацио остана на 46 бодови, а еден помалку има Интер, два помалку петтата Рона кои своите натпревари од 24-то коло ќе ги играат во недела. Интер ја пречекува Болоња, а Рома – фенерџијата Беневенто.

Претходно во саботата Милан на гостувањето во Ферата убедливо со 4:0 го совлада СПАЛ, продолжувајќи ја серијата од шест натпревари без пораз. Милан рутински стаса до четвртата победа во последните пет кола. Гостите поведоа веќе во 2 минута преку ПАтрик Кутроне, а дури во 65 минута истиот играч зголеми на 2:0, а до крајот на мечот меѓу стрелците се впишаа и Лукас Биљиа во 73 и Фабиано Борини во 90 минута

Милан во моментов е на 7-то место со 38 бодови, додека СПАЛ и натаму е во зоната на испаѓање, на 18-то место е со 17 бодови.

Во саботата играа уште Кротоне и Аталанта кои со 1:1 ги поделија бодовите. Домашните поведоа во 80 минута преку Мандрагора а осум минути подоцна израмни Паломино. Кротоне 1 17-ти со 21 бод, четири повеќе од зоната на испаѓање, додека Аталанта е на осмото место со 37 бодови, четири повеќе од Удинезе на деветтото и Торино на десеттото место, кои во недела ги играат натпреварите од 24-то коло.

Во недела се среќаваат Сасуоло – Каљари, Торино – Удинезе, Киево – Џенова, Сампдорија – Верона, Интер – Болоња и Рома – Беневенто.