Наполи гo намали заостанувањето зад Јувентус

Фудбалерите на Наполи го победија Удинезе со 4:2 искористувајќи го киксот на водечкиот Јувентус кои одигра само 1:1 со Кротне и во пресрет на нивниот голем судир во неделата во Торино ја намалија предноста на актуелниот шампионот на четири бодови.

Наполи тешко стаса до трите бода, бидејќи Удинезе двапати беше во водство со 1:0 и 2:1, и се чинеше дека гостите може да ја прекинат серијата од девет последователни порази, но и покрај храбрата игра не успеаја во настојувањата.

Удинезе поведе во 41 минута преки Јакуб Јакинта, а во последните моменти на првото полувреме израмни Лоренцо Инсиње. Во 55 минута домашните доживеаја нов шок откако Сванте Ингелсон ги доведе во водство гостите од Удине. Повторно израмни Албиол во 64 минута, а целосниот пресврт Наполи го направи во 70 минута преки Милик. По пет минути Лоренцо Тонељи го постигна конечниот резултат 4:2.

Јувентус неочекувано киксираше кај Кротоне, еден од кандидатите за испаѓање од лигата одигрувајќи само 1:1. Алекс Сандри ја доведе „Старата дама“ во водство уште во 16 минута, по новата асистенција на Даглас Коста, а израмни Симу во 65 минута со „ножички“.

Фиорентина и Лацио одигра возбудлив дуел, а на крајот со 4:3 славеа гостите. Во првото полувреме беа постигнати четири голови и поделени три црвени картона., Прв беше исклучен домашниот голман Марко Спортиело кој во седмата минута одигра со рака надвор од својот шеснаесетник. Само седум минути подоцна не исклучен и Алесандро Мургиа кој го собори Федерико Киеза. Во меѓувреме беше исклучен и гостинскиот тренер Симоне Инзаги.

Серијата голови ја отвори во 16 минута Жордан Верту, а во 31 минута истиот играч од пеналот го удвои водството на „Виолите“. Лацио намали во 39 минута со убавиот гол на Луис Алберто од слободен удар, а во последните моменти од првото полувреме израмни Мартин Касерес по изведениот корнер. Фиорентина повторно дојде во водство во 54 минута повторно преку Французинот Верту, но по шест минути израмни Фелипе Андерсон. Гостите дојдоа во ново водство во 73 минута, а повторно стрелец беше Луис Алберто.

Рома беше подобра од Џенова со 2:1, а стрелци беа Ченгиз Ундер во 17 и со автоголот на Пандев о 52 минута, а намали Лапаѕудал во 61 минута.

Торино и Милан одиграа 1:1, откако домашните не реализираа пенал во четвртата минута кога Андреа Белоти ја погоди стативата. Пет минути беше потврдено непишаното фудбалско правило, кога Џакомо Бонавентура силно шутираше од работ на шеснаесетникот. Торино израмни во 79 минута преку Де Сивлестри.

На табелата води Јувентус со 85 бодови, Наполи има 81, а следат Рома и Лацио со по 64 бодови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.