Спорт

Серија А Наполи и Јувентус ја продолжуваат мртвата трка за титулата

Наполи и Јувентус ја продолжуваат мртвата трка за титулата

Во фудбалското првенство на Италија и по неделникот 25-то коло продолжува мртвата трка на врвот меѓу водечкиот Наполи и актуелниот шампион Јувентус, откако двете екипи ги совладаа своите противници.

Наполи против слабиот СПАЛ славеше само со 1:0, а единствениот гол го постигна бразилскиот играч Алан уште во 6 минута. Со истиот резултат Јувентус во градското дерби го победи Торино, а стрелец беше Алекс Сандро во 33 минута.

Последнопласираниот и веќе отпишан Беневенто на домашен терен ја извојува третата победа над Кротоне со 3:2, со голот кој во 89 минута го постигна Чеик Дијабате. И Болоња во самиот финиш стаса против победа против Сасуоло, а стрелец за конечните 2:1 беше Ерик Пулгар во 88 минута.

Милан, иако неговиот напаѓач Рикардо Родригез не реализираше пенал во 7 минута, дојде до победата од 1:0 против Сампдорија, со голот кој во 14 минута го постигна Џакомо Бонавентура. Во неделата играа уште и Аталанта и Фиорентина кои со по еден постигнат гол ги поделија бодовите. Милан Бадељ ги доведе во водство гостите во 16 минута, а домашните израмнија во 45 минута преку Андреа Петања.

Наполи има 66 бодови, еден пред Јувентус. Ги следат на голема дистанца третата Рома со 50 бодови и четвртиот Интер со два бода помалку, а Лацио е петти со 46 бодови и меч помалку.