Наполи и Пандев пикираат нов пехар

Вечниот град Рим и фудбалскиот храм “Олимпико”, денеска ќе бидат во центартот на фудбалското внимание поради финалниот натпревар од Купот на Италија.

На само еден чекот од толку посакуваниот пехар се фудбалерите на Фиорентина и Наполи, а според фудбалските стручњаци и спортските оболжувалници за нијанса поголеми шанси за успех му се даваат на гостинот од југот на Италија.

Според последните информации кои пристигнуваат од Италија, шанса да биде дел од почетниот состав и да биде дел од големиот спектакл, најверојатно ќе добие и поранешниот репрезентативец на Македонија, Горан Пандев кој може да се пофали дека веќе го има освоено победничкиот пехар во Купот на Италија.

“Сакаме да славиме во ова натпреварување. Таква победа заслужуваат сите фудбалери, сите фанови и раководните лица на Фиорентина. Сакам да го наметнеме нашиот стил на игра кој гарантира победа. Сакаме да ги израдуваме најверните фанови, заслужија еден голем успех”, изјави пред натпреварот предводникот на Фиорентина, Винченцо Монтела.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.