Наполи одби 50 милиони фунти за Гонзало Игуаин

Познатиот таблоид на Островот, „Телеграф”, го привлече вниманието на фудбалската јавност со пласираната информација дека сопственикот на Наполи, Аурелио де Лаурентис, без многу размислување ја одбил неморалната понуда на лондонскиот премиерлигаш Чезли за услугите на аргентинскиот интернационалец, Гонзало Игуаин.

Контроверзниот претседател на „азурите” пред неколку дена бил информиран дека сопственикот на лондонските „сини”, Роман Абрамович е подготвен да одвои околу 50 милиони фунти за услугите на Игуаин кој пак важи за омилен напаѓач на контроверзниот менаџер на Челзи, Жозе Мурињо.

Таквата понуда, Де Лаурентис експресно ја одбил со образложение дека Игуаин има статус на недопирлив на „Сан Паоло” и дека брзоногиот напаѓач вреди многу повеќе.

Игуаин во првите 16 натпревари од новата сезона во италијанската Серија А постигна девет погодоци и благодарение на неговата ефикасност, Наполи и понатаму е во игра за популарното „скудето”.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.