Наполи освои само бод кај Интер

Во дербито 28-то коло од италијанската фудбалска лига во Милано Интер и Наполи одиграа без голови (0:0), со што наполитанците пропуштија можноста да се вратат на врвот на табелата кој моментално му го препуштија на актуелниот шампион Јувентус.

Во многу сиромашниот и слаб натпревар, кој италијанските медиуми го нарекоа „фестивал на грешки“, гледачите првата шанса ја видоа дури во 48 минута кога Шкрињар со глава ја погоди стативата. Двете екипи играа калкулантски, иако Наполи со победа можеше да се врати на првото место, а Интер да дојде на четвртото.

Јувентус сега е прв со 71 бод, а Наоли го следи со 70 бодови но и натпревар повеќе. Интер остана на петтото место со 52 бода,м пет повеќе од градскиот ривал Милан, а еден помалку од Лацио кој во судиското продолжение спаси бод кај Кротоне.