Наполи подобро функционира без Горан Пандев

Италијанскиот калчолигаш Наполи ја искористи предноста на домашниот терен и успеа во намерата да обезбеди пласман во следната, 1/8 финална рунда од најмасовното клупско натпреварување, Лигата на Европа.

Реванш пресметката на “Сан Паоло”, против англискиот премиерлигаш Свонси, заврши со триумф на “азурите” од 3:1,  а истиот беше осигуран со двата погодока кои беа постигнати во последните 12 минути од натпреварот.

Поранешниот репрезентаивец на Македонија, Горан Пандев го започна натпреварот, а во 60 минута беше заменет со словачкиот интернационалец, Марек Хамшик.

Резултати: Рубин – Бетис 0:2 (вкупно 1:2), Базел – Макаби 3:0 (3:0), Наполи – Свонси 3:1 (3:1), Ајнтрахт – Порто 3:3 (5:5), Лудогорец – Лацио 3:3 (4:3), Салцбург – Ајакс 3:1 (6:1), Севилја – Марибор 2:1 (4:3), Тотенхем – Днипро 3:1 (3:2), Шахтјор – Виторија П. 1:2 (2:3), АЗ Алкмар – Ливерец 1:1 (2:1), Бенфика – ПАОК 3:0 (4:0), Фиорентина – Ејсберг 1:1 (4:2), Генк – Анжи 0:2 (0:2), Лион – Черноморец 1:0 (1:0), Трабзонспор – Јувентус 0:2 (0:4), Валенсија – Динамо К. 0:0 (2:0).

Двојки за 1/8 финале:  АЗ Алкмар – Анжи, Лудогорец – Валенсија, Порто – Наполи, Лион – Виторија П., Севилја – Бетис, Тотенхем – Бенфика, Базел – Салцбург, Јувентус – Фиорентина.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.