Наполи преку пенал серијата го совлада Удинезе во Купот на Италија

Екипата на Наполи успеа да обезбеди пласман во четвртфиналето од Купот на Италија, откако синоќа по пенал серијата го елиминираше тимот на Удинезе.

Резултатот во регуларните 90 минути беше 1:1, додека во продолжението екипите постигнаа уште по еден погодок. Во пенал рулетот, решавачка беше петтата серија во која Алан промаши за Удинезе, а веднаш потоа Игуаин со погодок обезбеди пласман за својот тим во четвртфиналето.

Во следната рунда од Купот на Италија тимот на Наполи ќе се сретне со Интер, кој еден ден претходно ја елиминираше екипата на Сампдорија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.