Македонија

Направена стотата операција на срце кај деца

Направена стотата операција на срце кај деца

На Детска хирургија вчера била направена стотата кардиохируршка операција кај деца, а херојот е седумесечно машко бебе од Скопје со дијагноза тетралогија, јави Здравство 24.

Операцијата ја извел петнаесетчлениот американски тим од хирурзи, интернисти, кардиолози, перфузионисти и медицински сестри, а со нив при интервенцијата учествувал и македонскиот тим од Детска хирургија и од Клиниката за детски болести.

Американскиот тим кој ја направи 100-тата операција ќе биде во земјата до недела до кога треба да оперира уште две деца.

Порталот јави дека следната кардиохируршка мисија е во февруари, кога веројатно ќе бидат оперирани и деца од Албанија, а во тек се и преговори со Косово, што, според лекарите, ги отвора вратите на Македонија да стане регионален центар за кардиохирургија кај деца.