Направени првични испитувања на телото на девојката за која се смета дека е Дениса

Телото за кое грчките власти тврдат дека е на 23 годишната Дениса Марковска еден час по полноќ пристигнало на  Институтот за судска медицина.

Седумчлен тим предводен од директорот на Институтот Алексеј Дума врши анализи и испитувања. Велат прва фаза е подготовка за спроведување на идентификација.

Телото пристигнало само со посмртница и без стандардната пропратна документација  како што резултати, записник од обдукција се фото албум како е вршена ДНК анализата со која метода. Добиениот материјал не е многу подобен за анализа и затоа Дума не сакаше да прејудицира колку време ќе биде потребно за резултати.

Засега направиле првични испитувања но своите согледувања нема веднаш да ги споделат со јавноста. Резултатите најпрво ќе бидат испратени до Министерството за здравство, како и до родителите, баратели на реобдукцијата.

Младата прилепчанка исчезна на 12 септември ноќта од бродот Серенисима каде што работела. На 4 октомври беше пронајдено тело во водите на Егејското море кај Карпатос. На 8 октомври беше испратен во Атина примерок на ДНК од родителите на Дениса, а 15 дена подоцна грчките власти потврдија дека резултатите покажале дека станува збор за Дениса.

Но истрагата во Грција се уште е отворена и нема одговор како ќе ја водат нејзината смрт убиство самоубиство или несреќен случај. Многу прашања останаа неодговорени што дополнително ги разгоре сомнежите кај семејството но и во јавноста.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.