Направете домашен овошен јогурт

Овој рецепт за овошен јогурт е идеално решение за љубителите  на свежите десерти.

Потребни состојки:

– 1 пудинг со вкус на слатка павлака или пудинг од ванила
– 450 милилитри млеко
– 15 грама шеќер
– 300 грама овошје (малини, јагоди, вишни…)
– 900 милилитри јогурт

Начин на подготовка:

Со 50 милилитри млеко разматете пудинг и мешајте додека да згусне. Во 400 милилитри млеко ставете шеќер, и кога ќе се загрее, додадете го пудингот и мешајте додека не добиете еднолична смеса. Овошјето измиксајте и помешајте го во се уште топлиот пудинг. Сипете го и јогуртот и промешајте. Почекајте да се олади, сипете во шолји и послужете.