Направете домашна бајадера за само 20 минути

Оваа вкусна чоколадна магија ќе ја засакате уште повеќе кога ќе сфатите дека за подготовка ви се потребни само 20 минути.

Состојки:

9 лажици вода, 200 грама шеќер, 150 грама мелени ореви, бадеми или лешници, 250 грама мелени бисквити, 170 грама маргарин, 100 грама чоколада за готвење.

За глазура:

100 грама чоколада за готвење, малку масло.

Подготовка:

Во тенџере додадете вода и шеќер и загрејте на тивок оган додека шеќерот целосно не се стопи. Додадете маргарин, тргнете го од оган и мешајте додека не се стопи. Кога маргаринот целосно ќе се стопи додадете ореви и бисквити, а потоа мешајте додека не добиете густа и изедначена смеса.

Добиената смеса поделете ја на два еднакви дела. Стопете ја чоколадата на пареа и измешајте го првиот дел од готовата смеса. На чинија за послужување ставете хартија за печење премачкана со масло и врз неа ставете го првиот дел од масата (со чоколада) и со рацете обликувајте квадар, па горниот дел и рабовите израмнете ги со нож.

Врз него на ист начин ставете ја другата маса и направете го истото. Остатокот од чоколадата стопете го на пареа, па во неа додадете малку масло и прелијте ја бајадерата.

Готовата бајадера ставете ја во ладилник за да се стегне, а наредниот ден исечете ја на коцкички и послужете.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.