Направете паста за максимално избелување на забите

За релативно краток период овој избелувач може да ги разубави дури и жолтите заби.

Постојат голем број пасти за избелување на забите што содржат помала количина карбамид – пероксид, ситни абразивни честички што ги чистат забите механички. Но, зошто да купувате кога и вие самите можете да си направите природна паста за избелување на забите.

Постапка:

Измешајте малку сода бикарбона со паста за заби. Земете алуминумска фолија па превиткајте ја во лента со широчина и должина што одговара на вашите заби. Добиената паста нанесете ја на фолијата и ставете ја на забите. Фолијата со пастата држете ја на забите 1 час. За видлив ефект ставајте паста на забите два пати неделно.

Направете сами паста за максимално избелување на забите
Направете сами паста за максимално избелување на забите

За релативно краток временски период избелувачот може да ги разубави дури и жолтите заби, а ефектот на избелување би требало да се забележи во рок од неколку дена или недели, во зависност од тоа со кој метод ги избелувате.

Засега нема познати недостатоци од избелувањето на забите, но стоматолозите не препорачуваат премногу избелување за да не дојде до оштетување на забите.