Направете сами крема за лице и ослободете се од акните и нечистотијата

Козметичките куќи продаваат разни видови тоници за чистење на лицето, а некои од нив може да ве чинат многу. Голем број хидратантни средства за чистење на лицето и кремите содржат мали топчиња што ги отстрануваат мртвите слоеви на кожата, додека кремастата маса треба да ја хидрира кожата и да ја направи глатка.

Па зошто да трошите премногу пари на козметички призводи, кога можете да направите своја домашна природна крема.

Домашната крема можете мошне лесно да ја направите, ќе ви требаат само 2 состојки што веројатно веќе ги имате во вашата кујна – сода бикарбона и кокосово масло. Овие две состојки се високо ефикасни во лекувањето на проблематичната кожа, лесно се достапни и нема да ве чинат многу. И за разлика од хемикалиите и токсичните состојки во комерцијалните производи, овие состојки се сосема безбедни за вас и за вашата кожа.

Кога ќе ги измешате овие две состојки ќе направите моќна комбинација што делува одлично во лекувањето акни, црвенило, лузни и ги отстранува вишокот нечистотија и мртвите клетки.

Сода бикарбоната често се користи за домашни печива, но и како средство за полирање, длабинско чистење и отстранување на непријатни мириси во домаќинството.

Сода бикарбоната се користи и како козметички производ. Се користи за избелување на забите или како дезодоранс.

Исто така е мошне ефикасна во лекувањето акна. Обично кога неурамнотежената pH вредност во човечкото тело тоа доведува до воспаление на кожата, а сода бикарбоната може повторно да го воспостави вистинскиот баланс.

Втората состојка, односно кокосовото масло има антибактериско, лековито и хидратантно својство. Тоа ја хидрира, ја храни и ја смирува кожата. Многу е понежно од сода бикарбоната и кога овие две состојки ќе се промешаат, мешавината станува идеална за чувствителна кожа. Користете органско ладно цедено кокосово масло. Овој вид кокосово масло покажа најдобри резултати.

Како се користи?

За да се утврди…

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.