Направете сами спреј против комарци

Ако не сакате да купувате хемикалии против комарци, тогаш овој природен спреј е токму за вас. Мошне лесно се подготвува, а состојките се евтини и достапни.

Состојки:

  • 1,5 литар медицински алкохол
  • 100 грама каранфилче
  • Децилитар етерично масло по желба, иако велат дека рузмаринот и лавандата најмногу ги бркаат комарците;

Подготовка:

Цветовите од каранфилчето благо омекнете ги во аван, ставете ги во стаклен сад и прелејте ги со алкохол. Оставете да отстои четири дена, но немојте да заб оравите алкохолот и каранфилчињата малку да ги промешате секое утро и секоја вечер. По четири дена, кога уште една се ќе промешате, ќе добиете спреј против комарци! Ставете го во шише со распрскувач и користете го по потреба.

Овој спреј не е опасен за децата, само треба да внимавате да не прснете во очи.