Направете вкусни колачиња со еурокрем

За подготовка на овие вкусни колачиња потребни ви се 1 тегла нутела (200 грама), 600 грама мусли, 180 грама чоколадо за готвење, 60 милилитри млеко од кокос (од бадем или обично).

Начин на подготовка:

Стопете ја чоколадата и тргнете ја на страна.

Истурете ја Нутелата во блендер, во кој ќе ги додадете и муслите и млекото. Миксирајте околу 30 секунди. Додадете ја истопената чоколада во смесата и продолжете да миксирате додека не се соединат состојките. Доколку смесата е премногу мека, ставете го садот барем 15-тина минути во фрижидер.

Формирајте топчиња од смесата, или пак каква и да е друга форма која ви одговара. Штом завршите, чувајте ги во фрижидер.