Напредок од три места на ФИФА ранг листата

Резултатите на нашата фудбалска репрезентација се толку слаби последниве години, што секаков напредок на ФИФА листата е среќна околност за нас.

Македонија за еден месец напредуваше од 108-та на 105-та позиција, на листата на најдобро рангирани репрезентација во светот. Овој напредок се должи пред се на нерешениот исход на дуелот со Австралија, кој беше одигран неодамна во Скопје.

На најновиот рангкинг, Антига и Барбуга е сега зад нас, додека пак со подобар рејтинг се селекциите на Боцвана и Јордан.

На врвот, Шпанија се врати во Топ 10, додека пак таму нема место за Франција. Водечка е Германија, пред Аргентина и Белгија.