„Напуштен град“ од Етернијан – песна на денот во САД

Песната „Напуштен град“ од Јовица Тасевски-Етернијан на 16 јануари беше објавена како песна на денот во американското списание „Вокс поетика“. Во списанието е објавена и информација дека Етернијан е поет од Република Македонија, автор на шест поетски книги и дека го има добиено меѓународното признание „Восхитувачки поет“ што се доделува за исклучителни достигнувања во поезијата.

Списанието „Вокс поетика“ има лиценца за доставување предлози за престижната награда „Пушкарт“ што се доделува во САД за најдобро објавено поетско и прозно дело во американската периодика, а избраните песни на денот објавени во рубриката „Денешни зборови“ претплатниците на ова списание ги добиваат секојдневно по електронска пошта.

Поезијата на Јовица Тасевски-Етернијан е преведена на петнаесетина јазици и објавена е во списанија и антологии во над дваесет држави.