СДСМ: Нарачаните хајки само ја потврдуваат фрустрацијата кај ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ не го разбира зборот „независен“. За ВМРО-ДПМНЕ непоимливо е една политичка партија да се отвори кон граѓаните и да биде инклузивна и отворена наместо ексклузивна и фамилијарна каква што е ВМРО-ДПМНЕ, обвинуваат од СДСМ.

Во продолжение соопштението од СДСМ:

Откако понижија и поништија цели професии, осквернавија вредности создавани со векови на овие простори, таргетираа луѓе и им палеа возила и објекти, уништуваа лични и семејни судбини, сега во ВМРО-ДПМНЕ се чудат и не може да разберат како тоа граѓани што немале никаква поврзаност со СДСМ се приклучуваат на партијата и на големиот опозициски фронт за победа на Македонија и пораз на Никола Груевски.

Личните напади и нарачаните хајки на курирските медиуми само ја потврдуваат фрустрацијата кај ВМРО-ДПМНЕ, која од ден на ден расте, зашто се повеќе граѓани, од различни професии, од различна етничка припадност, стануваат дел од движењето што ги носи промените во Македонија.

Никола Груевски, фамилијарната ВМРО-ДПМНЕ и нивниот колициски партнер ДУИ оправдано се во паника зашто казната и поразот се ближат, а со тоа и соочувањето со лицето на правдата. Нивните стравови се нивна работа, пред СДСМ и пред граѓаните е предизвикот заедно да го изградиме сето тоа што ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ го урнаа и го урнисаа за да живееме во нормална, демократска, слободна и напредна Република Македонија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.