Наредба на СДСМ до членството: Отворајте албански профили и ширете омраза!

Ова е пораката која преку социјалната мрежа „Фејсбук“, СДСМ ја испраќа до своето членство. Она што е посебно интересно е тоа што раководството на СДСМ бара од своите членови да отвораат албански профили и токму од нив да бидат најомразувалките коментари.

Сето ова отвора голем сомнеж дека бомбата на Заев, покрај другото, има за цел и поттикнување на меѓуетничка тензија и инциденти.

Следејќи ја наредбата на раководството, стравични пораки испраќаат членовите на СДСМ, организирани преку социјалните мрежи. Во препораките за делување, СДСМ веќе започна да го организира своето членство за поттикнување на меѓуетнички омраза, а со тоа и меѓуетнички инциденти, објавува порталот „Денешен“, пренесува Нетпрес.

На социјалните мрежи веќе кружат неколку пораки, преку кои од централата на СДСМ се даваат инструкции на членството како да коментираат на своите Фејсбук профили.

Интересно е тоа што од централата им сугерираат на своите членови најомразувачките коментари да бидат од албански профили.

sdsm4

„Насока од централа: Да се фокусираме со  најомразувачките коментари од албански профили што по задача требаше да ги направите со следниве поенти:

Грујо и владата паѓаат,

– Готови сте вмровчина

– Ќе ве нема еден ден ќе ве иселиме

Напомена внимавјте да не се слични како на вмровчињата да не има по „куририте“.

Ова е пораката која е испратена до членството, а она што е особено интересно е зошто раководството на СДСМ бара од своите членови да отвараат албански профили и баш од нив да бидат најомразувачките коментари. Сето ова отвара голем сомнеж дека „бомбата“ на Заев покрај другото има за цел и потикнување на меѓуетничка тензија и инциденти.

sdsm2

 

sdsm3

sdsm4

sdsm1