Македонија

Наредната година не очекува силен инвестициски бум

Наредната година не очекува силен инвестициски бум

Силен инвестициски бум не очекува наредната година. Над 30 странски компании веќе  донесоа интерни одлуки за инвестирање, 25 од нив јавно ги објавија своите планови, во  2015 та почнуваат со работа, 2  најавија проширување на производството, а со 6 нови се чека  потпишување на  договор за влез, јавува денеска телевизија Сител.

Една од компаниите која чека договор за влез е американска компанија  од автомобилскиот сектор, со која, според премиерот Груевски  договорот ќе го потпишат за десеттина дена. Ќе инвестира 18 милиони евра и ќе вработи 400 лица.

Забрзано се градат слободните зони. Целта на Владата е да се инвестира не само во Скопје , туку и во останатите градови., вели валдиниот  портпарол Горѓиев.  На тој начин  ќе се зголеми вработеноста  и и ќе се постигне економски раст и во останатите општини

До сега влезот на странските компании отвори  11 илјади директни вработувања., а со новите се очекува  бројката двојно да се зголеми.

Ефектите од влезот на странските компании се многубројки. Македонија веќе стана препознатлива во   светот како земја со најниски даноци за водење бизнис  и земја која успеа и во услови на криза да привлече голем дел  компании да  инвестираат кај нас. атоа, според најавите, со исто темпо на приблекување ќе се работи и наредната година.