среда, 29 март 2017  |  Вести денес: 52

Наредните денови не очекува стабилно и топло време

sonce-vreme-temperatura

Поврзани вести

Времето денеска во западните делови од земјата е претежно сончево, во останатите променливо облачно со сончеви периоди, во крајните источни делови претпладне со услови за слаб локален дожд.

Попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23 степени.

Во наредните денови ќе преовладува стабилно и многу топло време за овој период од годината. Само во четврток ќе има преодно дестабилизирање со локален краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, претежно од југозападен правец.

Најчитани вести