Македонија

Наредниве денови се очекува зголемен број бегалци

Наредниве денови се очекува зголемен број бегалци

Српски Б92 пишува дека македонското Министерство за внатрешни работи соопштило дека во претходните два дена повеќе од 20 илјади бегалци од Блискиот исток влегле од Грција во земјава и дека истите се упатени кон Србија.

Порталот го цитира „Дневник“ кој наведува дека бројот на бегалци од Блискиот исток кои дневно влегуваат во Македонија од Грција се приближува до рекордот од летоска, кога 12 илјади бегалци дневно влегувале во Македонија.

Според најавите на македонското МВР и во наредните денови се очекува тренд на раст на бројот на бегалци кои ќе влезат во Македонија затоа што голем број мигранти пристигнале на грчкиот остров Лезбос, пишува Б92.

Македонските медиуми јавуваат дека на некои релации потполно е запрен патничкиот сообраќај, затоа што сите возови се пренасочени на превоз на бегалците од Гевгелија до граничниот премин Табановце, пишува порталот.

Според македонскиот Центар за управување со криза од 7. октомври бегалците од прифатниот центар во Гевгелија до границата со Србија можат да се превезуваат исклучиво со воз.

Поради постојаниот прилив на бегалци од Блискиот исток, македонскиот Парламент од август прогласи вонредна состојба на границата со Грција и Србија.