Балкан

Наркобанда пукаше врз два хеликоптери на албанската полиција

Наркобанда пукаше врз два хеликоптери на албанската полиција

Група илегални трговци со наркотици во северна Албанија нападнале два хеликоптери на албанката армија и полиција.

Вооружениот напад се случил кога со хеликоптерите се превезувале полицајците кои учествувале во неколкудневната операција за уништување на насадите со марихуана во реонот на градот Скадар.

Првиот хеликоптер од типот ВО105 бил погоден од три куршуми. Двајцата пилоти успеале да го приземјат леталото без никој да настрада. Другиот хеликоптер „Кугар“ бил погоден од еден куршум, што предизвикал мала штета, но без ризик за пилотот и полицајците.

Албанската полиција минатата недела почна голема операција за уништување на насадите со марихуана  во планинските региони во северна Албанија.

Според албанското Министерство за внатрешни работи само минатиот вторник биле уништени околу 13.000 насади со канабис во реонот на Скадар, а од почетокот на операцијата 99.960 насади.