Наркозависник починал во скопски хотел

Засгеа неидентификувано машко лице било најдено почоинато во соба во скопски хотел, вчеравечер, информира МВР.

Според полицијата вработените во хотелот, кој се наоѓа зад поликлиниката „Бит Пазар“, го нашле починатиот во околу 20 часот. Тие веднаш повикале итна медицинска помош. Лицето било легнато на подот од собата и имало траги од крв, а во негова близина биле најдени таблети метадон.

По кажување на вработените во хотелот, лицето кое што престојувало во хотелот пристигнало на 15.01.2018 година и се претставило како Б.М. без да остави документи за идентификација. По наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција, наведено е во полицискиот билтен.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.