Народна Република Доњецк ја забрани работата на новинарите во зоните на конфликтот

Министерот за одбрана на самопрогласената Народна Република Доњецк (ДНР) Игор Стрелков издал забрана за работа на новинарите во зоните на борбените акции од безбедносни причини, објавила вчера прес службата на ДНР.

Како што е соопштено, целта на забраната е обезбедување на лична сигурност на новинарите  како и заштита на информациите од важноста за проруските сили, пренесува Итар Тас.

Според декретот на Стрелков, на сите новинари им се забранува, со камери и новински фотографии да прават аудио и видео снимки, како и фотографии во текот на борбените акции, како и престојувањето во зоните на тие акции.

Според проценката на невладините организации Меѓународниот институт за новинска безбедност, Украина во првата половина на 2014 година станала „непријателска земја“ за новинарите, а влегла и меѓу петте земји во кои новинарите се во најголема опасност.

Во тој период во Украина се убиени седум новинари. На второ место е Ирак, кој традиционално се смета за ризична земја за новинарите. Во таа земја во првите шест месеци се убиени шест новинари. Третото и четвртото место го делат Сирија и Пакистан во кои меѓу јануари и јуни 2014 година, се убиени по пет новинари.