Народни лекови од маслинки

Чајот од листови од маслинка го поттикнува мокрењето, ја намалува уреата во крвта и холестеролот, помага при болести во коските, го намалува високиот крвен притисок и дигестивните пречки

Маслиновото масло е лек за срцето и крвните садови, бидејќи го зголемува „добриот“ холестерол, го чисти организмот, спречува развој на тумор, а посебно на дебелото црево и дојките. Добро е да се консумира по една лажица маслиново масло наутро и пред оброк, бидејќи ја спречува остеопорозата, особено кај жените во менопауза. Помага при зголемени маснотии и дијабетес, ја намалува температурата и ги ублажува грчевите во цревата.

Кога го пиете маслото како лек, непријатниот здив можете да го отстраните со неколку голтки црно кафе.

За шеќерна болест

Околу 10 г лист од маслинка, иситнете ги и ставете ги во половина литар ладна вода, па оставете ги така да отстојат преку ноќта. Следниот ден проварете ги 20 минути. Процедете и пијте по половина шолја, 4-5 пати дневно.

Висок крвен притисок, дигестија, мокрење…

Чајот од листови од маслинка го поттикнува мокрењето, ја намалува уреата во крвта и холестеролот, помага при болести во коските, го намалува високиот крвен притисок и дигестивните пречки.

Земете 30-40 г свежи листови од маслинка и прелијте ги со 1 литар зовриена вода. По 10-15 минути процедете. По желба додадете мед, а може и лимонов сок.

Се пие 4 пати дневно: првата чаша наутро на гладно, втората пред ручек, третата после вечера, а четвртата пред спиење. Терапијата трае 15 дена, па се прави пауза од 8 денови.

Болки во грлото

Варете 20 г лист од маслинка 15 минути во 300 мл вода, изладете, процедете, па повеќе пати во денот правете гаргара со оваа течност.

Хемороиди

Измешајте 100 мл маслиново масло со 5 цветови од невен и 1 лажица кантарион. Измиените и исушени билки после миење во ладна вода ставете ги во стаклена тегла или шише со широк отвор, па прелијте со маслиново масло. Покријте со чинија или салветка, оставете на темно место да отстои седум дена. Може да се користи за мачкање или како тампон (со памук) на хемороидите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.