Народниот прaворбанител реагира на приведувањаа на пратниците Пешевска, Мукоски и Арнаудов

Народниот правобранител, Иџет Мемети, отворил постапка за случајот со приведувањето на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски, Жаклина Пешевска и Љубен Арнаудов, поради тоа што полицијата ги уапсила и ги спровела со лисици на рацете до Кривичниот суд, иако тие се повикале на пратеничкиот имунитет, што според него е незаконски а притоа мерката притвор им е одредена како казна

„Во случајот кога не му е одземен имунитетот на осомниченото лице, и покрај писмената наредба за негово приведување, тоа нема да се изврши, а надлежниот суд ќе се извести од страна на полицискиот службеник за причините поради кои не е постапено по наредбата”, го цитираше Мемети прекршениот член од полицискиот правилник.

Пратеникот Крсто Мукоски беше спроведен во Кривичниот суд во Скопје на 28-ми ноември без лисици на рацете, но некои медиуми објавија дека е со лисици. Другите двајца пратеници за кои Мемети покрена предмет јавноста не ги виде кога влегуваа во судот.

Пратениците се уапсени по налог на Основното јавно обвинителство под сомнение за извршено кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“. Осомничени се 36 лица кои учествуваа во организираниот напад на Собранието на 27 април.

Тим од претставници на канцеларијата на Народниот правобранител (омбудсманот) била во притворското одделени во затворот Скопје во Шуто Оризари, и разговарала со тројцата пратеници. Тие тврделе дека покажале легитимации, се повикале на пратеничкиот имунитет, а сепак биле приведени по судската наредба што ја потпишале судиите Ненад Савески и Весна Димишкова.

Мемети очекува Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кого го пофали што му дал дури 38 документи за случајот и дека максимално соработувал, да преземе сѐ за да се разреши овој случај во дисциплинска постапка и ако ја има – по командна одговорност.

Мемети нема одговор дали судиите еднаш се обиделе да ги повикаат уредно во судот овие осомничени и како одговориле на судските покани. Прашува зошто Судот издава наредби за за приведување, претрес и одземање предмети од домот на осомничени кои уживаат имунитет, без претходно да им биде одземен?

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.