Народот бара избори за финална победа! (ФОТО)

На денешниот масовен протестен марш во Скопје во организација на Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ беше објавен Македонскиот народен документ „Избори се за Македонија“.
Граѓаните преку овој документ побараа свикување на итна собраниска седница со единствена точка на дневен ред – прогласување и распишување на предвремени парламентарни избори.

– Бараме предвремени парламентарни избори во Република Македонија. Избори на кои народот ќе ја отфрли во целост Тиранската платформа, направена во друга држава под патронат на премиер на друга држава!!! Од денес натаму ИЗБОРИ се основното барање на Граѓанската иницијатива „За Заедничка Македонија“, на сите Македонци, Абанци, Турци, Срби, Роми, Власи, Бошњаци кои нè поддржуваат. Ова барање е логичен и рационален продолжеток на сите наши досегашни цели. И затоа велиме „НЕ ЗА ТИРАНСКАТА ПЛАТФОРМА!“, „ДА ЗА ИЗБОРИ ЗА ФИНАЛНА ПОБЕДА!“, се вели во Македонскиот народен документ „Избори се за Македонија“.

DSC_20351

DSC_20421

DSC_20651
DSC_20861

DSC_21031

DSC_21481

DSC_21611
DSC_22261

m

m1

m3