Народот е несреќен, а Вие делите парцели и плаќате 700 илјади евра во готово

Кога ќе се разбудите од сонот, тогаш доаѓа реалноста, а реалноста е следна- треба да отидете кај Јавниот обвинител и да му кажете од каде она лице на кое му ја продадовте парцелата од хектар ипол во Струмица има 700 илјади евра во кеш. И како тоа лице после тоа на вашиот брат веднаш ја предаде таа фирма. Тоа е реалноста, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на ТВ дуелот со премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев.

Инаку, сето ова е убаво како ние замислуваме дека треба да функционира една држава, затоа ви велам- ќе се разбудите од сонот и тогаш ќе сфатите каква е ралноста. Реалноста е поразителна. Луѓето кукаат. Прошетајте низ пазарите, низ трговските центри, ќе видите празни дуќани, продавачите се жалат дека со денови никој не влегува затоа што луѓето немаат пари да купат, на пазарите скапуваат плодовите, рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ потсети дека Македонија на скалата на Транспаренси интернешнл е падната за цели 17 места.

Ако навистина сме постигнале нешто во борбата против корупцијата и криминалот, ние немало да паднеме 17 места, напротив ќе сме се качеле за тие 17 места. Македонија е шампион во Европа, само во една работа, по дното на економијата и на врвот на корупцијата и тоа е реалноста. Затоа мора вашиот сон Заев да стане јаве, не заради друго, туку за оние генерации кои доаѓаат и оние генерации кои  иднината ја гледаат во оваа држава, истакна Мицкоски.