Народот ги одбрани институциите (ФОТО)

Народот ги одбрани институциите
Народот ги одбрани институциите
Се покажаа за неуспешни најавите дека ќе се кампува пред Судот, бидејки контра-протестантите на СДСМ се повлекоа пред илјадниците граѓани кои си ги бранеа институциите. Бдеењето пред судот кој го најавија СДСМ беше уште една неуспешна епизода и дебакл на СДСМ. Тие се повлекоа по само два часа пред илјадниците народ кој им се спротивстави.

Бројката на присутни граѓани кои дојдоа во поддршка на иницијативата на ГРОМ за одбрана на институциите постојано се зголемуваше, при што во одреден момент достигна 15 илјади граѓани кои застанаа во одбрана на Уставниот суд и се спротивставија на црното сценарио на СДСМ за рушење на демократијата и институциите.

Реки народ од секаде поминуваа и го заокружија уставниот суд. Народот сложно и обединето се спротивстави на тортурата на СДСМ и нивните контра-протести кои завршија со целосен дебакл.

fotka

Евидентна беше нервозата кај контра-протестантите на СДСМ, а особено кај оние кои допатуваа од Струмица и од Куманово, најголемиот дел од нив вработени во претпријатијата и општинската администрација кои присилно и со закани по своето работно место допатуваа во Скопје.

Освен гневните коментари кај насобраните контра-протестанти, беа присутни и луѓе кои со списоци ги бележеа присутните. Исто така, ножеше да се забележат три поголеми групи кои се одвојуваат, едната од Куманово, втората од Струмица и третата вработени од Општина Центар.

protest-rastrui-4

Еден од присутните искоментира “ова е со цел подобро да не’ пребројат, мора да присуствуваме инаку тешко нас, отиде работата, а таа ни е се’“.

“Во Струмица со Заев тешко се живее“, прокоментира еден од протестантите кој поради разбирливи причини пред се страв не сакаше тоа да го каже во камера.  Ваквото незадоволство се гледа и во мерењата на рејтинзи, при што во 4-тата изборна единица негативното мислење за Заев преовладува, при што над 65 проценти негативно се изразуваат за опозицискиот лидер.

Автобусите паркирани по главните скопски булевари со кумановски и струмички таблици сведочеа за присилното собирање на народ.

spasovski-2

Меѓу присутните контрапротестанти на СДСМ беа и Заев и Оливер Спасовски. Спасовски наместо да се грижи за состојбата со јужната граница вчера негова главна преокупација беше рушењето на институциите, а Заев наместо да се занимава со седницата на националниот совет за безбедност, главен фокус му бесе собиранката која ја направија неговите во надеж да го завземат Уставниот суд.

Тие беа спречени од народот. На СДСМ не му помигнаа ниту присутните лица со црни маски, ниту пак хулиганите и лицата со дебело криминално досие кои беа дел од масата на контра-протестаните на СДСМ. Народот победи и не дозволи да се остварат ниту заканите и сценариото на Едмонд Адеми од СДСМ, скоро вработен во МВР.

edmond-ademi-fb

Народот победи и не дозволи да се остварат ниту пак најавите за упад. Соросовиот активист Славчо Димитриевски пред неколку дена на судиите им се закани дека ќе ги влечеле за уши и на клоци ќе ги избркале од Уставниот суд.

-На крстови, на орли, на лавови и на какви се не измислици. За уво ќе ве влечеме и на клоци ќе ве истераме од оваа врата! Ова не е уставен суд, ова е у**ан суд!, изјави Димитриевски.

Се покажаа за неуспешни најавите дека ќе се кампува пред Судот, бидејки контра-протестантите на СДСМ се повлекоа пред илјадниците граѓани кои си ги бранеа институциите. Бдеењето пред судот кој го најавија СДСМ беше уште една неуспешна епизода и дебакл на СДСМ. Тие се повлекоа по само два часа пред илјадниците народ кој им се спротивстави.

Еве каква беше ситуацијата доцна синоќа

rikna

plostad-2

plostad-5

plostad-4

plostad-3

Еве каква е ситуацијата утрово

1masovnost

1masovnost

3masovnost

3masovnost

4masovnost

5masovnost

6masovnost

7masovnost