сабота, 24 декември 2016  |  Вести денес: 19

Народот масовно застана во одбрана на Македонија: Граѓаните побараа избори на 5-ти јуни!

gdom-bitola1

Поврзани вести

Избори на 5 јуни како единствено решение за кризата во Македонија,  стопирање на деструктивните сценарија, и повлекување на одлуката за аболиција што ја донесе претседателот Ѓорге Иванов.

Граѓаните што денес масовно излегоа на собирите на Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ) во Битола, Охрид, Гевгелија, Градско, Радовиш, Крива Паланка, Кочани и Ресен уште еднаш ги повторија нивните барања.

gdom-bitola-768x432

Собирот на ГДОМ во Битола, како што беше речено, е со цел да се искаже револт против наметната политичка криза во Македонија.

gdom-bitola3-768x432

Многу наши копаничари, вајари оставиле дела во светските и европските метрополи и нивниот труд  и ден денес е почитуван, но за жал тука во Македонија нивниот труд се уништува. Порачувам да се чува културното творештво, а политичката криза да се реши демократски со демократски избори, рече Мери Арсовска, граѓански активист од Битола.

gdom-kriva-palanka1-768x432

Следбениците на ГДОМ  во Охрид повикаа на избори на 5 јуни за, како што рекоа, доброто на Македонија, да се смират страстите и да продолжи растот на економијата и туризмот.

Давам поддршка оти се чуствувам голем демократ и знам откако постои векот и светот власта се добива на избори, народот одлучува коуму да му ја даде власта. Не може никој друг да победи ниту со апетити од надвор, изјави Тане Маркоски од ГДОМ.

1radovis-gdom-768x576

Од собирот во Гевгелија беше порачано дека се неопходни брзи избори на кои ќе се избере легитимна власт која ќе раководи со државата и оти само на тој начин може да се стави крај на тортурата што секојдневно ја спроведува СДСМ.

Подржувачите на ГДОМ нагласија оти не сакаат повеќе да бидат заложници на деструктивната политика на Заев и порачаа дека до крај ќе се борат за името на државата, за македонскиот идентитет и за одржување на изборите.

Најчитани вести