Народот одлучува какви дела оставаат зад себе Груевски и Заев

На парламентарнит избори на 27-ми април, граѓаните одлучуваат какви дела оставија зад себе премиерот Никола Груевски и лидерот на опозицијата Зоран Заев, но и што ќе понудат за иднината.

Најдобриот кредибилитет и гаранција на она што се ветува за иднина е она што е направено во минатото. Така, зад Груевски стојат 550 милиони евра субвенции кои завршија кај македонските земјоделци и нови 600 милиони кои се ветуваат за идниот мандат, а зад Заев и владите на СДСМ едвај 20 милиони кои завршија во непознат правец.

-Веруваме дека мнозинството граѓани ќе ни даде поддршка. Таа поддршка верувам дека сме ја изработиле. Јас доаѓам со 2046 проекти, ама доаѓам исто така и со неколку илјади завршени проекти. Ветени и реализирани. Тоа ни е најголемиот капитал, најголемата гаранција. Отчетот е гаранцијата дека новата програма ќе се заврши. Ова и претходните два документи. Затоа што ние излеговме со отчет и во 2008-ма и во 2011-та, ова е сега од 2014-та. Тоа ни е гаранцијата дека оваа програма со 2046 проекти ќе ја завршиме. Може да се случи некаде да не се стигне или да се задоцни или да не се успее, но тоа може да биде минорен процент на незавршени работи, вели Груевски и нагласува дека за ветените 2046 проекти има конкретни рокови до кога треба да се исполнат и колку средства ќе бидат потребни.

Во изминатиот период, привлечени се 1.871 милијарди евра странски директни инвестиции, двојно повеќе од сите претходни влади на СДСМ. Се реализираат десетици гринфилд инвестиции, за разлика од тоа што во времето на владите на СДСМ не можат да се набројат барем три гринфлид инвестиции.

Невработеноста во период на владите на СДСМ достигна до 38 проценти, додека сега таа се намали на 28 проценти, отворени се 119.186 нови работни места. Просечните пензии се зголемија за 62 проценти, а во времето на СДСМ беа одземени 8 отсто кои никогаш не беа вратени.

Зад Заев е и багажот на скандалозни тендери кои како градоначалник ги доделувал на своето потесно и пошироко семејство, како и аферата Глобал за што беше амнестиран од Бранко Црвенковски. Актуелното раководство на СДСМ, кое во најголемиот дел беше на позиции во времето кога оваа партија управуваше со минатите влади, не кажува ниту збор на своите јавни настапи за проекти или програма.

Додека главниот акцент на Груевски е токму економијата, кај СДСМ се забележува и извесна апатичност и изолација, која за гледа на повеќе нивоа во нивната безидејност. Исто така, најголемата опозициска партија е речиси потполно исклучена од меѓународните политички кругови, заговарајќи тези за недмократија и режим, кои не поминуваат ниту кај обичниот народ.

За разлика од ова, силна поддршка ВМРО-ДПМНЕ и Груевски добиваат од угледни меѓународни политичари, како што беше онаа на првиот човек на Европската народна партија, Жозеф Дол, кој раководи со најмоќната политичка групација во Европската Унија.

-ВМРО-ДПМНЕ е почитуван и клучен партнер во политичкото семејство и Никола Груевски и Ѓорѓе Иванов може да смета на поддршката на Европската Народна Партија, вели Дол.

Дол е убеден дека Иванов ќе ја води државата во вториот мандат со истата мудрост и достоинство кои ги покажа во првиот мандат. Тој нагласува дека државата под водство на владата на Груевски ја либерализира економијата, се задржа дисциплината во јавните финансии и се надмина бурата предизвикана од глобалната финансиска криза и затоа македонската економија бележи брз раст. Дол е убеден дека со напорната работа и лидерството на Груевски, ВМРО-ДПМНЕ ќе издвојува победа на престјните избори.

Ваквата поддршка, за ескпертите и аналитичарите е мошне значајна и добредојдена и тие на овој начин покажуваат почит и солидарност. Поддршката претставува доказ за изградено пријателство, што особено се вреднува во политичките кругови. Таквите пријателства според познавачите се клучни во политиката, особено кога станува збор за прашања кои се од круцијално значење.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.