Народот со порака до СДСМ: Не можете да ја украдете народната волја!

порака

Според првичните и се уште неофицијални резултати, СДСМ освои околу 250 гласови, додека ВМРО-ДПМНЕ 150 гласови. Овие бројки покажуваат дека изборниот инженеринг на СДСМ доживеа катастрофален пораз и разликата од 304 гласа се покажа како недостижна и покрај разните игри на СДСМ. Овие бројки немаат никакво влијание на првично соопштените прелиминарни официјални резултати на ДИК.

Жителите на Теарце не потклекнаа на обидите на СДСМ и Зоран Заев да ја фалсификуваат волјата на народот, изразена на изборите на 11-ти декември. Со прегласувањето во Теарце, се стави печат на исклучителнo важнаta победа на ВМРО-ДПМНЕ.

Ниту притисоците директно од СДСМ, ниту разни надворешни влијанија и притисоци од странски амбасади, ниту обидите за поткуп и видливиот постизборен инженеринг не беа доволни СДСМ да ја фалсификува волјата на народот и да ја украде победата преку ова прегласување.