Нарушени меѓучовечки односи причина за пукањето во Арачиново

Во текот на вчерашниот ден околу 16:30 часот, Џ.Б. (30) и Џ.Б. (46) и двајцата од селото Арачиново, биле нападнати во ресторанот „Сити“ во скопската населба Синѓелиќ.

Имено, браќата забележале дека се следени од А.С. (23) од Арачиново, со кого имале нарушени односи.

Откако Џ.Б. и Џ.Б. со своето возило „Мерцедес“ тргнале во правец кон Арачиново, патот им бил попречен од две возила, според кажување на оштетените “Голф” и “Опел Зафира” од кои едното управувано од А.С, а другото веројатно од Б.С.(40) во кои имало повеќе лица и истите пукале кон патничко возило „Мерцедес“ при што го оштетиле истото.

Џ.Б. и Џ.Б. успеале да стигнат до нивната куќа во Арачиново каде од куќата излегле нивни роднини кои со камења започнале да фрлаат кон возилата притоа оштетувајќи ги. Лицата со огнено оружје пукале кон М.Б.(19), Н.Б.(23), Ф.Б.(28) и Р.Б.(53) нанесувајќи им повреди.

Повредените се хоспитализирани во Градската болница „Свети Наум Охридски“, а Н.Б. во Клинички центар Скопје.

На местото на настанот увид изврши ЈО и екипи од СВР Скопје. По преземените мерки идентификувани се учесниците во инцидентот, при што приведени се Н.С.(50), Р.С.(45) и Г.С.(42) од с. Арачиново, додека по останатите три лица МВР сеуште трага.

По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело “убиство во обид”.