НАСА: До 2018 година Лос Анџелес ќе биде погоден од силен земјотрес

Лос Анџелес во следните две години сигурно ќе биде погоден од силен земјотрес, предупреди денеска американската вселенска агенција НАСА.

– Можноста тоа да се случи е 99,9 проценти. Постои доволно енергија што може да предизвика земјотрес со интензитет од 6,1 до 6,3 степени по Рихтер, тврди НАСА.

Од Лабораторијата за млазен погон (ЈПЛ), истражувачка и развојна институција која се финансира од буџетот на САД и на НАСА, со седиште во Пасадена, предупредуваат дека низата помали потреси под тлото на Лос Анџелес довело до натрупување на притисокот.

Земјотрес со интензитет од 5,1 степени според Рихтеровата скала го погоди Ла Хабра,, јужна Калифорнија во 2014 година