NASA ја покажа марсовската „Валкира“ (ВИДЕО)

© NASA / Clouds AO/SEArch

Експертите на американската вселенска агенција NASA и на Вселенскиот центар „Линдон Џонсон“ ги демонстрираа можностите на хуманоидниот робот „Валкира“ (Valkyrie), кој според плановите во иднина треба да биде испратен на Марс.

„Валкира“ е опремена со околу 200 сензори, поставени на главата, грбот, стомакот и нозете. Информациите кои ќе бидат добиени од нив ќе му овозможат на роботот да ги проценува податоците за да ја избере најпогодната површина за следниот чекор.

Како што се очекува, овој хуманоиден робот, ќе им помага на колонизаторите на Марс во освојувањето на Црвената планета.

Видеото со тестовите на новиот робот беше објавено на YouTube каналот на институтот IHMC Robotics, каде што се создадени алгоритмите за управување со апаратот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.