Свет

НАСА ќе го објави решението за големата мистерија на Марс

НАСА ќе го објави решението за големата мистерија на Марс

НАСА за денес закажа прес конференција на која ќе го открие „решението за големата мистерија на Марс“.

На новинарите на закажаната конференција од НАСА им ветија „големо научно откритие“, а многумина веќе претпоставуваат дека американската вселенска агенција пронашла траги на вода и траги на живот на Црвената планета.

Ако тоа е така, тогаш тоа би било големо научно откритие за Марс, но засега се е само на ниво на шпекулации.

Во центарот на гласините е Лухендра Оџа, студент на универзитетот Џорџија Тек, кому му се припишуваат заслугите за „случајното“ откривање на првиот голем доказ дека на Марс некогаш имало вода во течна состојба, по проучувањето на површината на планетата во 2011-тата година на универзитетот Аризона.

Роверот „Кјуриозити“ на Марс
Роверот „Кјуриозити“ на Марс

Оџа во рамки на проучувањето на фотографиите од површината на Марс, ги отстрани сенките и светлосните попречувања, за да открие темни облици во вид на прст, коишто со текот на времето се менувале по образецот што е конзистентен со водата во течна состојба.

Оџа своето откритие го нарече „случајно“, истакнувајќи дека на почетокот воопшто немал поим што би можеле да претставуваат откриените облици на површината. Тој оттогаш посвети неколку години на истражување со цел да се обиде да докаже дека станува збор за траги оставени од некогашната вода.

Ако научниците на НАСА навистина пронашле доказ за течна вода на Марс, импликациите би можеле да бидат големи, затоа што водата и натаму е најдобар индикатор дека на Црвената планета некогаш постоел живот или дека може да настане.

Повеќе заговарачи на тероијата дека на Марс има остатоци од некогашен живот објавија повеќе фотографии, со кои според нив, се докажуваат ваквите теории. Погледнете ги фотографиите на следниот линк.