Магазин

НАСА технологија на вежбање, достапна и кај нас

НАСА технологија на вежбање, достапна и кај нас

Станува збор за високотехнолошка метода на тренинг – BODYTEC, што претставува иднина на фитнесот.

Сесијата во BODYTEC е едноставен фитнес тренинг со помош на електро-мускулна стимулација (ЕМС). Се вежба само 20 минути, еднаш неделно. Еден тренинг во Bodytec е еднаков на на три 90минутни сесии во теретана со кои ќе согорите 1.200 калории.

vezbaНајпрво овој начин на одржување на мускулите бил наменет за космонаутите на НАСА. Поминувајќи долго време во вселената тие не се во можност да го одржуваат телото и немаат никаква мускулна активност, што по долг временски период станува голем проблем.

Самиот концепт е базиран на спроведување на ниска фреквенција на струја до самиот мускул, зацврстување на истиот и добивање на посакуван третман. Без разлика дали припаѓате на категоријата на оние кои сакаат да ја намалата својата тежина и да се ослободат од наталожените масти, или сте професионален спортист што сака да оствари подобри перформанси, или пак имате болки во грбот и половината – идеално решени за вас е BODYTEC.

Истражувањата на интернационалните спортски институции покажуваат дека Bodytec тренингот е дури 18 пати поефективен од традиционалниот фитнес тренинг.

Идејата е нашата земја да стане дел од ланецот држави кои веќе го воведоа овој начин на вежбање. Нашата визија е Македонија да биде место од каде излегуваат професионални спортисти, каде има здрави и фит луѓе, и каде високата технологија се користи во здравствени и фитнес цели.

Првиот Bodytec центар во Македонија се наоѓа на ул. Димче Мирчев бр.20 ло.6, Скопје.

Повеќе информации и резервации може да се обезбедат на телефонскиот број: 077 833 332, на е-mail: info@bodytec.mk или преку официјалната веб страна: http://www.bodytec.mk