среда, 7 декември 2016  |  Вести денес: 59

Наше театарче: Веб-страница за театарската уметност

Страницата официјално ќе биде промовирана на 21 ноември од 16 часот во центарот „Јавна соба“.

133437404

Последни вести

Рецензии и податоци за претстави, интервјуа со актери, режисери, драмски автори, историјати на професионалните театри во Македонија, но и содржини за познати театарски куќи од светот, како и други информации од сценската уметност ќе содржи веб-страницата Наше театарче.

Официјално ќе биде промовирана на 21 ноември од 16 часот во центарот „Јавна соба“. Сајтот го креираа и ќе го ажурираат  новинарот и театарски рецензент Борче Грозданов и неговата сопруга, писателката Катерина Грозданова.

– Веб-страницата ќе се занимава само и исклучиво со театар, односно во 90 проценти па и повеќе со македонскиот театар. Бидејќи сме први во електронскиот медиум кој во центарот го има македонскиот театар очекуваме театарските вљубеници да не посетуваат, а со тоа да имаме од 20.000 до 50.000 клика дневно. Нашата претензија не е да бидеме  „голем сајт”, но идејата е нашите театарски писма да бидат насладување на сладокусците, како и за сите оние кои се или биле потенцијални и веќе „видени” гледачи во Театарот, наведуваат креаторите на веб-страницата.

Тие ги повикуваат сите кои сакаат да се придружат во интеракција и соработка да им пишуваат на електронската адреса: teatarce@gmail.com.

Најчитани вести