Населбата Раклиш во Радовиш доби нов целосно обновен парк и детско игралиште

Населба Раклиш доби нов целосно обновен парк и детско игралиште по најсовремени стандарди за модерно и урбано живеење.

Со овој парк и со поплочувањето на тротоарите со бекатон плочки целосно е облагороден центарот на населба Раклиш.

igralishte_2

Овој парк е дел од предизборната програма на Градоначалникот Сашко Николов за детско катче во секое населено место која иако во целост е реализирана продолжува да се реализира и во други населени места кој не беа опфатени во програмата.

igralishte_3

– Наскоро такви катчиња ќе никнат и во населените места Злеово и Подареш со што доаѓаме до бројката од четиринаесет изградени детски паркови во досегашниот мандат, овде не застануваме ќе продолжиме со изградба на детски паркови во сите населени места бидејки сме убедени дека детската радост и смеа кој се наш приоритет немаат цена – истакна градоначалникот Сашко Николов.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.